„БЕЗИМЕНИОТ“ – НОВ РОМАН НА ПЕТАР ПЕТРЕСКИ

3 Petar Petreski so nov romanПродолжувајќи го богатото творештво, писателот Петар Петрески го издаде новиот роман, „Безимениот“.

– Современиот роман се занимава со темата на преиспитување на сопствениот идентитет на поединецот, неснаоѓањето и лутањето низ вртлогот на општествените промени последниве децении. Прераскажан е сон, кој на крајот се испреплетува со секојдневието. При тоа, не мала улога им е отстапена на хуморот, фантастиката и експериментот во книжевниот дискурс – вели Петрески.

По двете збирки поезија (“Песни за темнината” и “Неморални бои”), двата драмски текста поставени на сцената на театарот, (“Трета мајка” и “Песијазол”) и збирката раскази (“Чудесниот број три”), Петрески, во својот творечки опит, се свртува кон романот како книжевна форма преку која ја продолжува својата творечка авантура. Пред две години го објави првиот роман “Светицата и разбирачот”.     

Loading