И ПРАВНУКОТ НА ЧЕНТО ОСОМНИЧЕН ЗА ТЕРОРИЗАМ, ПОКРАЈ ПЕЈАЧОТ ДУРЛОВСКИ

jane-centoЗа протестите на 27-ми април пред собранието

Меѓу 36 осомничени лица за учество во протестите на 27-ми април, покрај пратеници се и оперскиот пејач Игор Дурловски и прилепчанецот Јане Ченто кој е еден од приведените за настаните во собранието кога беше избран Талат Џафери за претседател. Обвинителството ги товари за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на државата. И додека решенијата уште не се правосилни и странките имаат рок од 24 часа да ги обжалат пред Кривичниот совет, колеги, лица од јавниот живот и граѓани даваат масовна поддршка за Игор Дурловски кој доби 30 дена притвор, а е светски познат оперски пејач кој достоинствено ја претставува нашата земја низ бројни држави, а се третира како терорист. Toj ја пееше македонската химна на собирите на движењето „За Заедничка Македонија” против неуставните одлуки во собранието.

Igor Durlovski„Маестро, ти пееше и маршираше за да ја има, а тие брзаа и  уште брзаат за неа да ја нема” – пишуват граѓаните на социјалните мрежи.

Приведен е и правнукот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов – Ченто, Јане Ченто. Тој е претседател на македонското патриотско здружение “Пере Тошев”, кое пак на на нивната Фејсбук фан страница напишаа:

“Го приведија нашиот брат Јане Ченто, правнукот на некогаш приведениот и затворениот председател Методија Андонов Ченто. Добро да знаете дека нашиот брат Јане Ченто е од македонска патриотска лоза и нема никогаш да подклекни, туку како феникс ќе се издигни. Не знаеме да се закануваме, знаеме да не заборавиме”.

Се коментира дека историјата се повторува.

“Во затвор заради наводен тероризам го ставиле и Јане Ченто, правнук на првиот претседател на президиумот на АСНОМ, Методија Андонов – Ченто. Единствениот грев на Јане е што го носи презимето на човекот кој го водел отпорот против бугарскиот фашистички окупатор во Втората Светска Војна. Историјата се повторува. Комунистите му монтираа случаи на дедото, комуњарите му монтираат на правнукот, пишува Љупчо Златев на Фејсбук.”

За 6-те пратениците за кои судот побара одземање на имунитетот, Кривичениот суд ќе решава по одлуката на Собранието, односно од комисијата за деловничко и мандатно – имунитетни прашања која до затворањето на весникот не одлучуваше.

Од Кривичен суд соопштуваат дека од вкупно 36 осомничени лица, на распит биле донесени 24, а по останатите 12, полицијата се уште трага.

Loading