БОЕНКА ЗА ХУМАНОСТ

6

Своите ликовни креации ги ставија во боенка која пак ја наменија за хуманитарни цели. Учениците од 2-4 одделение од ОУ „Климент Охридски“ од своите цртежи подготвија боенка која е веќе испечатена и ќе се продава за 50 денари во текот на декември.

– Парите од боенката ќе бидат наменети за децата со посебни потреби од нашето училиште. За боенката  ни помогнаа Шпаркасе банка и печатница Ацетони – вели одделенскиот раководител Гордана Стојаноска, под чие менторство учениците ја создадоа боенката. 

Loading