СНАТА ДА НЕ ЈА ГРЕШИ РАЧКАТА

– Аирлиа работата, мачници!

– Фала, да ти се врати.

– Не ме бива мене за картиве. Невидена чотија сум, а и немам фазла пари, вас да ве колкам.

– Шо че му прајш на парите бе. Ослободија душата. Цел живот на страв го помина. Уште таа занимација ти остана, а ти сакаш и од незе да одкажиш. Ситно играме. Туку чекај да се јавам на телефонов, ми ѕвони… “Ало, да!… А ти си! Слушај, че извиниш сега не можам да дојдам… По два-три саати, че се приберам… А бе те знам тебе, почесен од тебе на дујнава нема, жими Тасета, ти велам… Ај вака че напрајме. Појди кај мене дома побарај í на жена ми. Та че ти дај…  Абе речи í слободно, ко ти велам, сигурно добиваш. Ме знајш ти мене, ко че í речам… А бе нема аман, шо туку ми т’ткаш ко… Да бе, и рачи í дека че си дојдам за два-три сати дома. Ај здраво”. Ај мајката, никако со лујџево не бидува. Ем му даваш, ем кемка. А Цуки убо му реков?

– Од ова поубо не можи да биди. Ем ти раат да си играш, ем дека че се забајш, ем да те оправда да си немаш кавга вечерва, ем да му дај. Балтазар не ти е рамен. За ваков ум, демирхисарско пари даваат. И јас сум нашол со кого живеам.

– Оти бе Цуки, шо згрешив, да му ебам мајката. Че заврши чоеко работа и готово. После нема да ми досадува.

– А бе каква грешка, ама вака дарежлив понабргу че ти досадува. Уште собата да му ја кажеше…

– Каква соба, жити глата дрвена? Кој видел мотика во соба да чува? Во визба бе, во чошо, че се помачи малце, ама, како викаат, без мака нема папо.

– Че папа, че папа, ако треба и со мака, ама слушај ме мене суртук еден. Претрчај побргу додома да не ја греши сната рачката, па после Џуро кочо да не ти биди крив!

– А!?

– Акни го по гла!

– Кого, комшијата!

– Море по твојата, да те удрам од… да не велам.

Џага Дур

Loading