УЧИЛИШТАТА СО НОВИ ДИРЕКТОРИ

Именувани се нови в.д. директори во основните и средните училишта. Нов в.д. директор на СОУ „Ѓорче Петров“ е Страшо Ѓорѓиоски на местото од Дејан Димоски, а на СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“ е поставена Билјана Маркоска на местото од Васил Гајтаноски. Димитријанка Манолева е нов в.д директор на СОУ „Орде Чопела“ на местото од Елизабета Трајкоска.

Во ОУ „Гоце Делчев” нов в.д. директор е Веле Ѓорѓиоски, кој го замени Трајче Караилоски. Во ОУ „Кочо Рацин” е Зора Чадамова на местото од Петре Крагуески, во ОУ „Круме Волнароски” во Тополчани е именувана Јасмина Караниколова на местото од Дејан Бунтески, а во ОУ „Кире Гаврилоски – Јане” е назначена Кети Стевананџија, место Николче Кузески.

Претходно, Димче Настоски беше именуван за в.д. директор на гимназијата „Мирче Ацев”. Во ОУ „Рампо Левката” нов в.д. директор е Благица Каракашоска, во ОУ „Блаже Конески” е Весна Мојсоска, а во ОУ „Кирил и Методиј” во Канатларци, пак Бајрам Јусуфоски. 

Loading