Почнува откупната кампања
Тутунски комбинат вчера ги отвори вратите за откуп на тутунот од годинешната берба. Се очекува Комбинатот за презема околу 2700 тони тутун.
– Стартуваме со откуп во градскиот пункт, а наредните денови и во населените места. Цените се зголемени и ќе бидеме конкурентни. Исплатата ќе се врши за три дена, бидејќи средствата се обезбедени – вели директорот Кирил Станкоски.
Повисоки откупни цени очекуваат и тутунопроизводителите, бидејќи квалитетот на родот е исклучително висок, а производството е помало во споредба со лани поради сушата.
– Од вкупно деветте компании кои имаат лиценци и ги исполниле законските критериумите, повеќето најавуваат дека ќе почнат со преземањето на бербата на тутун. Просечната откупна цена ќе биде повисока за 10-15 проценти во споредба со минатогодишната берба – очекува Кире Неделковски, претседател на Сојузот на тутунски здруженија. Годинашнава реколта се проценува на околу 22.000 тони.
![]()

