ТАЛЕСКА ГО ПОВИКАЛА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КАКО ПРИЈАТЕЛ

2 monika taleska

И новинарот, а не во улога на советник, како што стои во пораката на  Моника Талеска, потврдува дека се случила несреќа на 30 октомври, ден пред да почне да работи во Општина Прилеп.

Понатаму таа пишува дека вечерта во мрачните улици што Марјан Ристески му ги остави на градот повикав итна медицинска помош.

– Ѕвонев двапати, броејќи ги секундите, загрижена за здравјето на жената. Јас и уште еден граѓанин повикавме полиција. Два дена ја посетував жената во болница, а нејзиното здравје ми беше единствен приоритет. Впрочем, така размислува човек, кој не планира сценарија, туку сочувствува. Од моментот,кога е пуштена дома, сопругот ми кажа дека сакаат да се средат, потоа би можела да ја посетам. Оттогаш натаму не сум ги видела луѓето, ниту сум контактирала некој од нив. Секој ваш збор дека сум и вршела притисок, дека сум изнудувала криење факти се само ваши конструкции, пуста желба, но само виртуелна, без основа – вели Талеска која истиот ден му ја подаваше  на градоначалникот Јованоски папката со говорот на конститутивната седница на Советот на општината.

mmmm

Потоа таа пишува дека дамките коишто се обидува ВМРО – ДПМНЕ да ги фрлите врз рејтингот на новиот градоначалник Илија Јованоски, се чист популизам, познат политички манир, но безуспешен. Етикетите не држат лепак, зашто не како градоначалникот, бидејќи следниот ден почнав со работа, туку како беспрекорен доктор и мој пријател го викнав во моментов на несреќата. Какви притисоци, какви контакти и договарања, криења на факти. Не функционираат сите политичари по добро познатите сценарија на ВМРО-ДПМНЕ … во кои дури има криење факти и за убиства пишуваа таа и додава:

“Но, ве разбирам, не можете да размилувате надвор од вашата партиска рамка. Добронамерно ви советувам, пребројте се, фокусирајте се на себе. Соберете храброст, и имајте доблест да си заминете од функциите што уште ги држите и во партијата”.

Ова го пишува Моника Талеска, еден од новите двајца, на вкупно петтемина портпароли на градоначалникот Илија Јованоски. 

Loading