Ракомет
Екипата на Прилеп „нанижа“ два пораза, дома од Еурофарм работник Битола (14-19), на гости од Охрид (30-28). Вториот е, може да се рече, прифатлив, со оглед на минусот од само два гола. Притоа, се гледа дека играта во нападот е подобрена. Во средата беше мечот дома со Радовиш (26 -26), а викендов е уште еден натпревар дома, во салата ,,Ричко”, со Металург 2. Едноставно, мора да се победи, да се освојат нови бодови за исчекор кон средината од табелата. Таму Пелистер, Охрид и Пролет се при врвот, а Борец, Прилеп, Металург 2 и Вардар јуниор при дното.
Во Женската лига се одложи мечот Деспина – Куманово, поради европските настапи на гостинките, а викендов прилепската екипа гостува на Пелистер во Битола.