ДАЛИ Е СКРИЕНА СООБРАЌАЈКА НА ТАЛЕСКА?

ВМРО – ДПМНЕ

ОК на ВМРО –  ДПМНЕ во соопштение за случајот со обид за затскривање на сообраќајна назгода на 30 октомври го потсети градоначалникот Илија Јованоски дека минале 14 дена (13.11) и тој упорно молчи за тешката сообраќајна незгода што ја предизвикал шефот на кабинетот на Јованоски, Моника Талеска.

Според соопшението, Талеска со нерегистрирано возило тешко повредила пешак во близина на поликлиниката АЛТЕА. Цела Македонија разбра, а само слободоумните и транспарентни граѓани и функционери од СДС молчат. Дали сте вие истите борци за правда? Дали сте вие луѓето што ветуваа живот за сите? Дали вие шарени револуционери видовте дека настанот го нема и во билтенот од веќе новото крими МВР? Каде се ренген снимките од пациентката тешко повредена? Дали Илија Јованоски уште вечерта вршел притисок во МВР и во Градската болница за овај случај да биде заташкан, а повредите релативизирани? Дали Јованоски е организатор на секојдневниот терор врз пациентот и фамилијата, нудејќи и работни места и оштета во кеш за да се сокрие ова дело??

Ова го кажуваат медиумите. Редно да им одговорите на граѓаните и на вашиот невладино-владин граѓански парламент!

Почитувани прилепчани вие си имате работа со локална власт заштитник на тешки кривични дела!

Го очекуваме и Џабир Дерала од невладината ЦИВИЛ, соросовиот платеник и колега на Моника Талеска да се произнесе за оваа брука, која можела да заврши со човечка жртва стои во соопштението на ОК На ВМРО – ДПМНЕ.

Loading