ВИТАМИНКА ЈА ЗАЦВРСТУВА ПОЗИЦИЈА

На саемот Интерфуд 2017 во Софија

Vitaminka na Interfood 3

Витаминка ја претстави производствената програма на најголемата саемска манифестација за прехранбена индустрија во Бугарија Интерфуд.

На 16 -тото издание на меѓународниот саем за храна, пијалаци, амбалажи и производствени апарати во Софија и јаголема презентацијана прехранбената индустрија од Југоисточна Европа Витаминка ги потврдува предностите и бенефитите од присуството и годинава. Преку својата фирма во Бугарија, Витаминка долго работи на афирмација на своите производи на локалниот пазар.

– Секое учество на Интерфуд со инкорпорираните презентации, семинари, конференции, деловни состаноци, претставува своевидна бизнис платформа за компанијата во годината што следи. Саемот ги има во фокусот комуникацијата и соработката меѓу компаниите од сите земји, деловните и трговските делегации, подизведувачи како и колективни странски учества. Точно тоа искуство придонело за конкретни чекори и резултати од претставувањето. Веруваме дека годинава ќе создадеме нови деловни и развојни можности – изјави Љупчо Велески, директор на сектор извоз во Витаминка.

Покрај потенцијалните нови пазари и пласмани, Витаминка, со претставувањето на своите производи, ќе ја зацврсти позицијата на бугарскиот пазар каде ЧокоСтобифлипс, Атлантис, Бонитас, Кукис, Деспина, Весели јајца, Фрути и останатите производи на нашиот најголем кондиторски производител веќе познати брендови и висококвалитетни производи.

Loading