Локалната самоуправа ја засилува транспарентноста и комуникацијата со јавноста. Досегашната служба од двајца луѓе за контакти со јавноста, Дарко Штаргоски и Марија Ташкоска, е доекипирана со уште двајца. Дали директно од Бирото за вработување или од некоја фирма, односите со јавноста веќе ги координираат новопоставените луѓе, независниот новинар Моника Талеска í доскорешниот човек на СДСМ за односи со медиумите Златко Димкоски. Збогатениот проширен состав на ПР службата на градоначалникот Илија Јованоски и на локалната самоуправа веќе имаше средба со колегите, на која укажа дека вратите за информации на локалната власт се отворени 24/7.
![]()

