Историја
Во социјализмот редовно се одржуваа Работничките спортски игри. Летото 1989 година прво беа натпреварите на општинско ниво, во организација на Општинскиот синдикален совет и СИЗ за физичка култура. За најдобри беа прогласени претставниците на Тутунскиот комбинат. Во ракомет постигнаа финална победа од 20-18 над Енергоинвест 11 Октомври, а во кошарка над Микрон со 50-48. Во одбојка триумф на СВР со 2-1 над Тутунски. Имаше и мал фудбал, каде во финалето Енергоинвест – Тутунски 2-1.
Победникот од малиот фудбал го претставуваше градов на Средбата на збратимените градови од Југославија.
![]()

