ОД СЕМИНАРСКА ИЗРАСНА БЕКТЕШ ХАУС

Нов имиџ и стил на пекарската традиција

– Поранешната бурекџилница Младост стана царство на кроасаните и вкусно кафе

ambient

Dragan PetreskiЉубителите на вкусната храна и убавата атмосфера во градов добија нова уникатна пекарница и француско бистро, Бектеш Хаус. На местото на поранешната бурекџилница Младост, веднаш до Гимназијата никна место кое е царство на кроасаните. Вештината на старите мајстори е споена со креативноста на новите генерации кои успеале да создадат нова приказна која оди кон нови видици. По речиси 35 годишна традиција на пекарскиот занает, младиот наследник Драган Петрески од семинарска работа за тоа како може една бизнис идеја и план да се преточи во реална работилница, ја осовремени и унапреди татковата, односно дедовата стара пекарница, во ново место за јадење и кафе пиење.

– Идејата започна кога решивме дека време е во градот да направиме нешто што го нема, нешто единствено по својата појава, нешто што ќе го засакаат посетителите уште на прв поглед, а ќе се заљубат кога ќе ја вкусат богата понуда на класичните, традиционалните и новите производи. Направивме место полно со топлина и иновативност, нешто што е најблиску до домот. Затоа и ја нарековме Бектеш хаус, дом по прекарот кој го носиме. Пекарската традиција е семејна гордост и занает, пренесувани генерациски од 1984 година. Тоа е знак дека квалитетот е нашиот прв приоритет и она по кое што ние сме познати, а љубовта е движечката сила со која ги изработуваме нашите производи. Како секоја добра приказна, решивме да ја градиме врз тие традиционални вредности, надополнето со нешто ново, модерно, а сепак да е спој на функционалност и топлина – вели младиот менаџер Драган Петрески.

atmosfera

Солените и благите кроасани опиваат со мирисот и привлекуваат со најразличните вкусови за сите гурмани, како кроасан со кашкавал, виршла, сирење, шунка, кулен, биено сирење, спанаќ, па кроасани со бело, темно чоколадо, шумско овошје и други дополнителни преливи и додатоци.  Во новото мени бурекот и ѓеврекот го задржале местото на понудата, но надополнето со разни вкусови. Многу идеи, енергија и иновативност внесле во новиот амбиент и простор кој е мошне пријатно катче за поткаснување и пиење кафе.  

– Крајниот резултат е ова место, во кое што нашите купувачи можат да креираат сеќавања, да уживаат во атмосферата и со задоволство да ја дегустираат нашата голема палета производи, која константно ќе се зголемува со уште многу нови и иновативни печива. Можат да вкусат повеќе видови кафиња. Консументите ќе уживаат и ќе сакаат одново и одново да не посетуваат, а за возврат ќе добијат вкусна храна, подготвена со љубов – вели Петрески.

kroasani

Покрај стандардната пекарска понуда, нудат и хроно храна, многу видови на протеински шејкови и различни видови на салати за здрав начин на исхрана. 

Loading