По повод месецот на книгата
На конкурсот за најдобра лична творба меѓу учениците од прво до петто одделение, за песна наградени се Ива Трајкоска од ОУ „Круме Волнароски“ од Тополчани, Теодор Николоски и Ѓорѓи Петкоски од ОУ “Кире Гаврилоски” и Бисера Талеска од ОУ “Јонче Смугрески” од Обршани. За расказ, најдобри беа Андреа Василеска и Горјан Ристески и двајцата од ОУ “Климент Охридски”, како и Марија Спиркоска од ОУ “Кире Гаврилоски – Јане”.
Во категорија ученици од шесто до деветто, најдобри песни имаа Тамара Насевска од “Добре Јованоски”, Ивана Стојаноска од “Кире Гаврилоски”, Офелија Настеска од “Гоце Делчев” и Рената Пусоска од ОУ “Манчу Матак” од Кривогаштани. За раскази најдобри биле Христијан Јошески од ОУ “Добре Јованоски”, Сара Кироска и Дора Јованоска од “Кире Гаврилоски”.
Меѓу средношколците, најдобри поети се покажаа Стефанија Сидороска и Мелек Мифтар од СОУ “Ѓорче Петров”, Александар Ристески од СОУ “Ристе Ристески – Ричко” и Михаела Ржаникоска од СОУ “Кузман Јосифоски – Питу”. За најдобра лична творба – расказ наградени се Христина Нунеска од СОУ “Кузман Јосифоси – Питу”, Анастасија Конеска од СОУ “Ристе Ристески – Ричко” и Тамара Мирческа од СОУ “Кузман Јосифоси – Питу”.