МОНТИРАЊЕ ЛЕТНА ЧИТАЛНА

Бесплатна објава

Утре ќе се одржи еднодневна работилница насловена Монтирање на летна читална, наменета за студенти по архитектура и дизајн за стекнување на  вештини со мануелна работа со дрво. Урбаната интервенција од дрво ќе ги вклучи и жителите во средување на дворот на Центарот за култура.

Интервенцијатаа пледира да ги предизвика младите да се вклучат во облагородување на јавниот простор и од внатрешноста на објектот (читање книги, претстави, работилници) да ги насочи кон отворениот простор, кој може да служи како сценографија за театарски претстави.

– Игривиот и динамичен дизајн е привлечен за децата од најмали нозе за создавање на врска со Центарот за култура како важна институција –  велат организаторите  од МЕЛЕЕМ.

Архитект на проектот е Сара Симоска, а  работилницата е финансирана од Министерството за култура.

Loading