МЕЃУНАРОДНИ МЕДАЛИ

Џудо

JK Busido

Џудо клубот Бушидо се врати со позитивни впечатоци од гостувањето во Цетиње, Црна Гора, на Меѓународниот турнир. Петнаесетмина се бореле за медали, а дури 11 ја оствариле целта. ,,Сребрени” се Елеонора Илиоска, Мартина Јанкоска Сара Атанасоска и Теодора Ристеска, а ,,бронзени” Марија Талеска, Матеја Кочоска, Георгина Милошеска, Ема Димитриоска, Антонио Талески, Бојан Мојсоски и Лука Филипоски.

Успехот е во конкуренција на 350 џудисти од Србија, Босна, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Косово, Албанија и Македонија.

Loading