Ротари клуб

Традиционален хуманитарен уметнички хепенинг за 3-ти Ноември – Денот на ослободувањето на Прилеп организира Ротари клубот. Младите уметници пред ЦК “Марко Цепенков” цртаа во знак на одбележување на празникот. Делата ќе се продаваат на свеченоста за 10 годишниот роденден на клубот, а која в година ќе се слави.
– Собраните средства ќе се донираат за основното училиште во селото Заполжани – изјави Бранко Јованоски, претседател на Ротари клубот.
![]()

