ОУ „Кочо Рацин“

Талијан Ѕвончар од ОУ„Кочо Рацин“ ја освои третата награда за песната „Мојот град – моја инспирација“ на јубилејните 50-ти Рацинови средби во Велес. Тој во конкуренција на ученици од основните училишта од Македонија се покажа како еден од подобрите поети.
Со својата поезија го промовираше родниот град. Со личната творба донесе практично награда за училиштето за која заслуга имаше и менторот.
Го слуша срцето, не може а да не ги истакне чувствата кои го исполнуваат и се брануваат во него. Како шестоодделенец создава песни во кои низ стих ја доловува убавината и сликата која го опкружува. Сонува поезијата која ја создава од чистата детска душа, во која има место за трепетот на лисјата, за светлината и песната на птиците, за убавината на Прилеп да ги собере во збирка која ќе биде публикувана.
![]()

