Цигарите не го дочекаа поскапувањето на нафтата
Одредени брендови на цигари во продавниците веќе се продаваат по повисока цена. Поскапувањето се движи од 3 до 5 денари. Продавачите велат дека дистрибутерите им најавиле дека до Нова Година можен е нов бран поскапувања на повеќе марки.
Новите ценовни етикети доаѓааа пред рокот од шест месеци во кој државата ја покачува акцизата на тутунот и тутунските производи.