Вработените од 11 Октомври – Еурокопозит повторно на протести
– Владата донесе одлука МВР да префрли 10 милиони денари за една плата и набавка на репроматеријали
Уште 15 плати бараат 260-те работници од 11 Октомври -Еурокомпозит, а немаат платени придонеси за пет години. Откако повторно излегоа на протести пред Локалната самоуправа и го блокираа кружниот тек Карпалак, Владата одлучи МВР да префрли 10 милиони денари за исплата на една плата на вработените и за набавка на репроматеријали за да продолжи работењето. Не се откажуваат од барањата и за заостанатите плати и придонеси и реализирање на програмата за технолошки вишок.
– Придонесите за пензиско осигурување не се платени од 2012 година. Бараме програма за прогласување технолошки вишок за стотина вработени со Законот за материјално обезбедување на неврабоени лица, поради доминантната сопственост на државата. Нашиот проблем е долгогодишен и очекуваме разбирање – вели Влатко Чурлиноски, претседател на синдикатот на Еурокомпозит.
Претходно остварија средба со градоначалникот Илија Јованоски, кој им вети логистичка поддршка во настојувањата за надминување на проблемите.
Во Еурокомпозит – 11-ти Октомври, кој е единствениот македонски загубар има 260 вработени со просечна старост над 50 години. Речиси една деценија вработените во фабриката за наменско производство која е единствена од таков вид во земјава, се соочуваат со нередовни исплати на плати и неплатени придонеси за пензиско и здравствено осигурување.