ВИДЕЛО ЗА „КРСТО ГЕРМОВ ШАКИР – СПОМЕНИ“

Библиотеката ја издаде  книгата „Крсто Гермов Шакир – спомени“ посветена на војводата во прилепско мариовскиот крај. Редактор е Славчо Ковилоски, кој го подготви воведот и белешките.

„Крсто….“ е распослан на 109 страници преку дел од документите  чувани во Институтот за национална историја во Скопје. Станува збор за значајно сведоштво за изминатиот пат на овој македонски револуционер познат како Шакир Војвода. Книгата го доловува македонското револуционерно  движење од крајот на 19 и почетокот на 20 век.

– Шакир одблиску пренесува секојдневие на македонски револуционер исполнет со агитација меѓу населението, со внатрешни организациски несогласувања, со опасности од судирот на аскерот, башибозукот и четите на пропагандите, со опасностите од предавства – вели Славчо Ковилоски.

Инаку, библиотеката утре и в недела, за месецот на книгата, ќе ги одржи манифестациите, “Избор на најдобар рецитатор” и “Избор на најдобра лична творба”, во кои се вклучени учениците од основните и средните училишта, студенти и членовите на литературните клубови.                

Loading