Поддршка за одгледувачите
На 18-тата изложба на украсни птици и животни организирана од Здружението за заштита и одгледување Трагопан, одгледувачите презентираа околу 300 птици од цела Македонија. Градоначалникот Илија Јованоски го поддржа ентузијазмот на одгледувачите и љубителите на птиците и укажа на готовноста за негување на традиционалната манифестација.
– Ги повикувам здруженија кои се занимаваат со заштита на животните да се слушнат нивните приоритети. Во иднина заедно со кинолошкото здружение ќе треба да направиме стационар за домашни миленици, каде сите кои се отсутни, а имаат домашно милениче, би можеле да ги оставаат на соодветно и сигурно место за згрижување – рече Јованоски.