Полицијатa поднесе кривична пријава против маж од селото Крушевица, Мариово, кој пукал со пиштол на прослава во манастир летоска. Полицијата го товари за предизвикување на општа опасност.
К.М. (56) испукал пет куршуми во воздух на 20 јули во дворот на манастирот Света Недела во селото каде се прославувал верскиот празник Света Недела.