ЗАОКРУЖИ …

В недела се гласа за градоначалник и советници

glasanje

Околу три илјади граѓани повеќе стекнале право на глас во споредба со последните вонредни парламентарни избори во декември лани. “Збагатен” е избирачкиот список за локалните избори од нешто повеќе од 62 илјади на 65 072 лица. Никој не објаснува како гласачкото тело на општината за неполна година порасна за речиси пет отсто.

Но, што е, тука е, в недела е уште еден празник на демократијата, кога на непосредни избори ќе се избира градоначалник и 27 советници на 132 изборни места во градот и населените места. Изборните комисии веќе се спремни, материјалите се пристигнати, обуките за правилата за гласање се завршени и в недела ќе има изјаснување за кандидатите на трите советнички листи на коалициите предводени од ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ и на партијата, Народно движење на Македонија. Како кандидати за градоначници ќе ја бараат довербата за идниот четиригодишен мандат сегешниот градоначалник од ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата Марјан Ристески и кандидатот на СДСМ со коалиционите партнери, Илија Јованоски.

Вечерва се окончува тринеделната кампања за освојување на симпатиите и понудата за перспективите на градот и населените места. На граѓаните сега треба да им се сталожат најавите за претстојните проекти понудени од кандидатите за татко на градот. Треба да им легнат понудите пред да се определат кому да го дадат гласот, кој да го води градот следните четири години. Без да навлегуваме за реалноста или нереалноста на политичката понуда, се најавија нови градби на училишта, градинки, поддршка на бизнис заедницата, гасоводни мрежи, урбанизации, комунални зафати, паркови, бесплатни плацеви за млади брачни двојки, бесплатни ужинки за децата до петто одделение, финансиска помош за мајките на новороденчињата, бришење на долговите на социјалците за неплатена вода и ѓубретарина, бесплатен градски превоз за пензионерите, дури и градба на затворен базен, театар…

Трката заврши и кандидатите речиси го кажаа своето. На потег се граѓаните. Со заокружување на еден број на гласачкото ливче зад параванот, тие ќе ја утврдат насоката во која сакаат да се движат и каде ја гледаат својата и иднината на своите поколенија.

ВМРО – ДПМНЕ (ВМРО – демократска партија за македонско национално единство), Социјалистичка партија на Македонија, Демократска партија на Србите во Македонија, Граѓанска опција за Македонија – ГРОМ, Сојуз на Ромите од Македонија, Партија на правдата, Странка на демократска акција на Македонија, Партија на Власите од Македонија, Работничко земјоделска партија на Република Македонија, Нова либерална партија, Партија на обединети демократи на Македонија, Македонска алијанса, Демократска партија на Турците на Македонија, ВМРО-ДП (ВМРО – Демократска партија), Македонска акција (МААК), Демократски сили на Ромите, Роми обединети од Македонија, Движење за национално единство на Турците, Сојуз на титови леви сили         

1. Петар Ристески    

2. Борче Јовчески     

3. Ирена Стерјовска Локвенец       

4. Дејан Проданоски

5. Јулијана Силјаноска        

6. Виктор Здравески

7. Андриана Ристеска          

8. Винета Лозаноска

9. Игор Стеванов     

10. Самија Ајдини   

11. Гоце Стефаноски           

12. Кети Бикоска      

13. Никола Габроски           

14. Кирил Ѓорѓиески           

15. Лидија Димоска 

16. Дејан Филипоски           

17. Филип Димитриески     

18. Милена Цветкоска         

19. Виолета Жежоска          

20. Николче Кукуноски      

21. Александар Крстески    

22. Кристијан Момироски  

23. Жанета Видевска           

24. Снежана Наумоска        

25. Никола Златески

26. Тони Чадамов     

27. Мирјана Тодороска         

Социјалдемократски сојуз на Македонија – СДСМ, Нова социјалдемократска партија – НСДП, Либерално демократска партија –  ЛДП, Демократски сојуз на Власите од Македонија – ДСВМ, Нова алтернатива – НА, Партија на обединети пензионери и граѓани на Македонија – ПОПГМ, Социјалдемократска унија – СДУ, Либерална партија на Македонија – ЛП, Демократски сојуз – ДС, Српска напредна странка во Македонија – СНСМ, Демократска обнова на Македонија – ДОМ, Партија за целосна еманципација на Ромите – ПЦЕР, Политичка партија Достоинство – ППД, Партија за економски промени – “ПЕП 21”, Алијанса за позитивна Македонија – АПМ, Партија за европска иднина – ПЕИ, Партија за движење на Турците во Македонија – ПДТ, Српска странка во Македонија – ССМ, Демократска партија на Ромите – ДПР, Обединета партија за еднаквост на Ромите – ОПЕР, Обединети за Македонија – ОМ, Македонска обедителна реформска организација – Работничка партија – МОРО – РП           

1. Миле Талевски     

2. Драги Богојески   

3. Јулијана Цековска           

4. Моника Грашеска Илиеска         

5. Светлана Велеска

6. Тони Камчески     

7. Никола Багески    

8. Елизабета Сурлаџија

9. Адем Мамудоски

10. Валентин Божиноски    

11. Еленче Ташковска

12. Хари Шојлески

13. Жарко Северкоски

14. Кире Тинтоски

15. Ивона Кузмановиќ

16. Александар Китаноски

17. Весна Ангелеска

18. Звонко Талески  

19. Зорица Кочоска

20. Ангелина Велевска

21. Александар Чапкуноски           

22. Рубинчо Ристески          

23. Силвана Белушанец      

24. Марко Спиркоски

25. Ангела Трајкоска

26. Виктор Талески  

27. Христијан Забрчанец

Народно движење за Македонија – НДМ

1. Катерина Мечева Кондијанова

2. Стојан Мечев

3. Ташко Причков

4. Благица Крстеска

5. Николче Јованоски      

6. Александар Мечев

7. Соња Јакимоска

8. Ристо Мечев       

9. Цветан Јованоски

10. Јагода Андоноска

11. Пецо Илиески  

12. Марјан Крстески

13. Весна Мечева

14. Трајче Димески           

15. Иван Панески  

16. Павлинче Јованоска

17. Томе Карапејовски     

18. Зоре Трајчески

19. Сандра Јакимоска      

20. Елена Крстеска           

21. Игор Андоноски

22. Савета Причкова

23. Драшко Иваноски                   

24. Терезија Чадамова    

25. Сузана Мечева

26. Ацо Димески    

27. Цена Крстеска

Loading