ПОЧИТ ЗА ПРЕТЦИТЕ И БОГАТА ПРОГРАМА

Одбележан 11 Октомври, денот на народното востание

Pocit za 650 zrtvi od NOB

Прилеп, градот херој и првоборец и годинава со бројни активности го одбележа големиот национален празник 11 – ти Октомври. Традиционално имаше огномет, импровизиран напад и богата програма со која започна чествувањето на празникот. Градоначалникот Марјан Ристески посочи дека, народ без своја историја нема ниту своја иднина и токму затоа никој не смее да се осмели да го погази делото на предците, кои го положиле својот живот за независноста на оваа земја.

На денот на народноослободителното востание, беше оддадена почит на загинатите борци. Пред спомениците на првиот претседател на президиумот на АСНОМ Методија Андонов Ченто и на идеологот на НОБ, Кузман Јосифоски Питу, свежо цвеќе положија и почит им оддадоа претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, владини и собраниски делегации, од Сојузот на борците, од локалната самоуправа, од политички партии и граѓани. Делегациите почит им оддадоа и на 650-те загинати борци од НОБ на Могилата на непобедените во Паркот на Револуцијата.

{AG}471/11{/AG}

Празнувањето беше збогатен со ликовна изложба, а на сцената на камената бина настапија солистите од детскиот хор „Мали ангели”, етно групата Синтезис и настапот на ДЈ Мето. Се одржаа и неколку манифестации. Имаше одбојкарски турнир. На булеварот „Гоце Делчев” по 10-ти пат имаше изложба на олдтајмери и спортски модифицирани автомобили. На плоштадот пред Градскиот саат се изложија ракотворби во организација на невладината „Мајка традиција”, а неколку производители на мед ја покажаа палетата на производи од пчелите.

Loading