„НИШТО БЕЗ ТРИФОЛИО“ ВО ВЕЛЕС И КУМАНОВО

4 Nisto bez Trifolio na   festivali

„Ништо без Трифолио“ во режија на Коле Ангеловски, најновата весела комедија на театарот „Војдан Чернодрински“ ќе ја проследат и велешани и кумановчани. В понеделник во Велес, за 16. издание на Фестивалот на античка драма, а во Куманово в среда на 20. меѓународен театарски фестивал “Денови  на комедијата”.

Претставата, како што вели авторот Русомир Богдановски, е “комедија во грчко-римски стил напишана по средбата со веселиот дух на римскиот комедиограф Публиј теренција Африканецот, кој ослободен од телото на својот господар во 159 година п.н.е., скитаа низ вековите”. Станува збор за сплетки и недоразбирања во потрагата по љубовта.

Loading