ДВА РОМАНА И ИЗЛОЖБА ОД МАРИЈА ЃОРЃИОСКА

„Аманет“ и „Се врати каде што припаѓаше“ се двата романи од Марија Ѓорѓиоска што ќе бидат претставени вечерва од 19 часот во ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“. Ќе беседат Слободан Беличански и Блага Тутеска, а извадоци ќе читаат Сузана Ѓорѓиоска и Мирјанка Р. Селчанец.

Промоцијата ќе биде проследена со изложба на слики за кои ќе говори историчарот по уметност Лепа Милошевска.

Loading