СПАСЕН ИЗНЕМОШТЕН КОЊ

2 Znaenjeto  spasi konj - Metodija Taleski

Оставен легнат коњ во омалаксана состојба на границата меѓу животот и смртта спаси ветеринарен техничар од Ветеринарна клиника Прилеп. Со стручна интервенција Методија Талески го крена животното испружено пред СОУ “Ристе Ристески – Ричко”.

На повикот на жителите од Точила, локалните власти ја алармирале ветеринарната клиника, која веднаш на местото упатила стручнак да го куртули коњот. Иако не се знае кој го оставил животното да колабира, дали од изгладнетост или некоја друга мака, сепак важно е што  ветеринарот го кренал на нозе. Без разлика што не се знае сопственикот и причината за запоставувањето на животното, најбитно е што домашното ја животно преживеа траумата. 

Loading