ОТПАДОТ Е ПАРИ КОИ ПРИЛЕП ГИ КОРИСТИ

Европски третман на ѓубрето

IMG 1260

Наскоро Прилеп ќе ја добие првата фабрика за секундарна селекција на отпад во Македонија. Објектот се гради кај депонијата Алинци. Со инвестицијата конечно се решава проблемот со отпадот, кој засега не успеале да го решат многу понапредни држави. Во 2013 година комуналното претпријатие набави линија за секундарно сортирање на отпадот. Вкупната инвестиција во градба и машинскиот дел за фабриката изнесува околу 60 милиони денари. Тоа се средства од Општината и од комуналното препријатие, обезбедени од продажбата на селектираната пластика и картонската амбалажа.

Во првата фаза се планираат 100 вработувања со можност за проширување. Се очекува и старт на третата фаза, компостара, односно преработка на органските отпадоци во хумус. Вложувањето е 10 милиони денари неповратни средства од ЕУ фондовите. Финишот се  очекува по две години. Фабриката ќе го преработува органскиот отпад  со селекцијата во 20 илјади зелени и жолти корпи и депонираното ѓубре во Алинци. Наредната недела ќе се делат уште 1.000 корпи за селекција на отпад во Тризла 2. Со секундарната селекција на картонска, пластична и стаклена амбалажа се создаваат секундарни суровини. Практично градот ќе нема отпад. Ќе биде рекултивирана депонијата Алинци комлетно за пет-шест години.

Се најавува апликација за ЕУ фондовите за набавка на дробилка за градежниот шут. Продукцијата ќе се користи за тампонирање на патишта.

Со овие инвестиции Прилеп го добива најмодерниот Центар за управување со отпад во Македонија со вкупни вложувања од околу 5 милиони евра.

Подземни контејнери

За правилното третирање и управување со отпадот ќе се поставуваат  подземни контејнери. Вакви садови за одлагање на отпадот веќе се поставија на градскиот пазар, а наскоро и во централното градско подрачје. Ваквиот третман на отпадот има силно влијание на екологијата и урбаната физиономија на градот, налик на модерните европски метрополи кои ги запазуваат сите стандарди за заштита на животната средина.

Loading