ОТКРИЕНИ ДВЕ ГРАДБИ

На локалитетот Долиште кај селото Прилепец

kultura470

Заврши истражувањето на локалитетот Долиште кај селото Прилепец во реализација на Заводот и Музеј Прилеп. На поголемо плато, од двете страни пресечено со длабоки дола, откриени се остатоци од две градби.

– Постарата е од 2 п.н.е., односно егзистирала со владеењето на последниот антички македонски крал Персеј. Покрај негова бронзена монета, откриени се и бронзена фибула (копча), делови од керамички садови и два целосно сочувани големи складишни садови – питоси, во истата положба во која биле кога биле користени. Во едниот се сочувале карбонизирани остатоци од житарици. Во просторијата се откри и глинена ниска платформа – масичка. Врз остатоците од оваа доцномакедонска градба, на преминот од старата во новата ера, била подигната нова градба. Од овој раноримски период покрај делови од керамички садови, евидентирана е и бронзена монета на императорот Тибериј, кована во градот Едеса, денешен Воден – вели археологот Душко Темелкоски.

Во атарите на селата Прилепец и Волково во античко време егзистирал досега неидентификуван град. Претпоставка е дека станува збор за градот Пелагонија. Идни истражувања можеби ќе дадат одговор на оваа енигма. 

Loading