НОВО МЕЃУНАРОДНО ПРИЗНАНИЕ

За монологот „Лора

olympia-in-dion

Со признание и награда за автентичност на драмски текст и изведба се закити гимназијалката Марија Митреска и авторот и режисер Маринко Шлакески, кој е професор по драмска уметност и англиски јазик. Успехот го постигнаа со монологот „Лора”, што е извадок од истоимената драма во Грција, на Меѓународниот младински театарски фестивал „Олимпија во Дион”. Во духот на традицијата на фестивалот, почитта кон античките автори и домаќинот, претставата беше изведена на грчки јазик на сцената на театарот „Мо” во Катерини.

– Беспрекорно организирана манифестација и одлично гостопримство ќе остане за спомен од учеството. Салата беше преполна, а публика со голем интерес и особено внимание ја проследи претставата, по што следуваше громогласен аплауз. После публиката поставуваше прашања од артистички карактер што е само показател за успешноста на изведбата и од содржински и од уметнички аспект – вели професорот Шлакески за искуството во Грција.

На културната манифестација без натпреварувачки карактер, право на учество имаат претстави од повеќе земји во светот според однапред утврдени критериуми. Ова не е прв меѓународен успех на „Лора”.  Марија Митреска доби специјална награда за драмски лик на Меѓународниот театарски фестивал на француски јазик за ученици од средните училишта во април во Стара Загора, Бугарија. 

Loading