НЕМА НОВО НА СТАРО КОРЗО

9Isto ambient na staroto korzo i nekogas i sega

Некогашната тесналинија или тесна нестандардна пруга одмана не е во функција. Дел од неа, заедно со металните прагови со децении е ограда на основното училиште “Рампо Левката” и на поранешното средно трговско училиште, некогашната стара железничка станица. Маалото околу улицата “Иво Лола – Рибар” се вика Старо Корзо, по местото каде по ослободувањето се шетале младите по пат кон чешмата на Крстот и Брдото, каде подоцна бил изграден Паркот на револуцијата.

Освен асфалтот и неколкуте нови куќи речиси сé е исто на местото за средби, прошетки и намигнувања на младите. Како пред повеќе од половина век, сведоштва од Старото корзо е старата зграда на железничката станица и реконструираниот придружен објект на службата за венчавки.

Генерациите со полно емоции кога шпацираат кон реконструираниот парк, навраќаат на “улавите години”, на забавите на кафеаната на паркот и на лудориите што одат со возраста и времето.

Градските власти најавија дека и Старото корзо ќе се претвори во авениска улица. Со соодветна архитеконска имагинација, можеби ќе заличи повеќе на автентичното шеталиште од педесетите години од минатиот век. 

Loading