КРАЈНИ КОНТУРИ

Пречистителната станица

Precistitelna stanica

Трајно ќе се реши прашањето за третман и прочистување на отпадните води за Прилеп. Активно и забрзано се работи на третата и последна фаза од пречистителната станица. Капиталниот проект, чија реализација започна во 2014 година, за скоро време ќе ја доживее својата завршница. Зафатот вклучуваше и обнова, во две фази, на вкупно 65 километри канализациона мрежа која се градеше истовремено со пречистителната станица.

Со овој проект Прилеп ќе стане еден од најчистите градови во целиот регион. Проектот е финансиран од ИПА програмата на ЕУ, со учество и на буџетот на Македонија, а го започна претходната влада. Изградбата на овој проект го става Прилеп на врвот на општините во однос на искористувањето на средства од ЕУ фондовите.

Loading