ЛЕГАЛИЗАЦИЈАТА ЈА РАЗВИВА УРБАНИЗАЦИЈАТА

За 60 дивоградби нашите сограѓани добијаа документи за легализација. Со тоа Прилеп е водечка општина според бројот на озаконети безправни домови и стопански објекти. Веќе е ставен параф на “припитомување” на над 10.000 објекти, кои веќе се влезени и во катастарските книги.          

Се легалилизираат објекти со барањата во 2011 година и дел од 2016 година од продолжениот рок. Во 2011 година беа поднесени 15.367 барања, а во 2016 година 3.077.

Продолжува процесот на легализација со кој се исправа една голема неправда нанесена кон голем број наши сограѓани што десетици години чекаа на законит легитимитет на нивниот имот. Процесот влијае развојот на урбанизацијата на градот.

Loading