НОВ РОМАН ОД МАРИЈА ЃОРЃИОСКА

4 Raskosen opus na  GorgieskaНашата сограѓанка, поетеса и уметник, Марија Ѓорѓиоска, ги израдува читателите со уште една прозна творба. Овојпат од нејзиното перо излезе романот насловен „Се врати каде што припаѓаше“.

Авторот, емотивно и лирски, ги пренесува чувствата за личности, настани. Ликовите ги “ваја” до детал, читателот да добие слика за содржината, а тоа е животот.

Ѓорѓиоска напишала седум романи и две поетски збирки. За романот “Аманет” ја доби првата награда на конкурсот на просветните работници.

Авторката ги пренесува емоциите и на платното. Имала десетина самостојни изложби и шест заеднички со членовите на ДЛУП. Член е на ДНУ, а во 2014 година за нејзината плодна творечка дејност ја доби општинската награда “Трети ноември”.

Loading