ЗБОГУМ ЗА НАЈСЕСТРАНИОТ СПОРТИСТ

Veselin TofoskiIn memoriam – Веселин Велендериќ Тофоски

На 85 години почина Веселин Велендериќ Тофоски, еден од најсестраните спортисти од градов. Од крајот на четириесеттите до почетокот на шеесеттите години од минатиот век е голман на Прилеп, Победа и Раднички Ниш, ракометар, атлетичар, кошаркар… Продолжува како професор по физичко во Гимназијата. Работи и во СИЗ за култура. Има најголема заслуга за градбата на Домот на културата. Генерален секретар е на Победа, спортски новинар, публицист, автор на пет книги за прилепскиот фудбал.

– Добродушен човек. Затоа го викавме Батката. Од срце сé сакаше во животот, кој исполни многу желби. За делата ќе биде спомнуван во наредните векови – рече Драги Башески, новинар.

В сабота ќе му се оддаде почит на мечот Победа – Шкупи.

Loading