НОВА ЗБИРКА ПЕСНИ НА ПЕТРЕ КИРОВАКОВ

6 Prvence zbirka poezija na   Kirovakov„Ќе можеш ли да се сетиш

На сите места, по патот од родното место

За крајната дестинација“?!…

Ова се дел од стиховите во збирката „Солзи за мојот Егеј“ објавена од поетот Петре Кироваков. Низ 50 песни на страниците се излеваат чувствата за родниот крај.

– Збирката е емотивна. Песните се патриотски, посветени на родниот крај Пожарско од каде што потекнувам – вели Кироваков.

За Слободан Беличански, поетовото родољубиви и роднокрајни стихови препознаваат морална сила на една страдална македонска душа.

– Песните сведочат дека родното место живее како неизбришлива мемориска и емотивна тетоважа и дека ги памти и љуби секоја негова куќа, секој човек, секое парче земја, секое рекче и вода, секоја стена… Секое враќање на родното огниште со мислите или телесно, му се враќа силата и волјата за живот – забележува Беличански.

За Цеца Видова Трајческа, стиховите се препуштање на емоциите со кои читателите се водат на друго место, во друго време и луѓе.

Кироваков твори од пионерските денови, а во средно образование објавувал песни и раскази по списанија и по зборници. Пишува и проза, детска и љубовна поезија. Член е на Клубот на литературни творци  – Прилеп. 

Loading