КРЦКА НОВ ТРИТЕКС НА 4000 КВАДРАТИ

Пуштена нова фабрика во зоната Прилеп 1

– Се очекуваат нови 300 вработувања на новата модерна технологија, кои ќе го зголемат обемот и квалитетот на производството на долна облека само за извоз како досега

1-IMG 8665

Текстилниот бренд Тритекс ги прошири капацитетите со нов погон на 4000 м2 во индустриската зона Прилеп 1. На свеченото отворање со луксузна церемонија од европски карактеристики со огномет, пред илјада гости и вработените, сопствениците нагласија дека ќе ангажираат околу 300 нови работници за производство на трикотажни единици на долна облека за странските пазари главно во Европа.

– Се отвори современ објект што ќе донесе околу 300 нови вработувања – посочи Дејан Наумоски, сопственик на Тритекс.

1-IMG 8605

– Современата фабрика во индустриската зона Прилеп 1 значи многу за економијата на градот. Се надевам дека вакви објекти ќе има уште. Пред четири години во зоната се продадоа 21 локација. Ова е 11-12-ти изграден објект – рече градоначалникот Марјан Ристески.

Од бизнис секторот оценуваат дека посветеноста на приватниот сектор во ова тешко време води кон добра бизнис клима која треба да продолжи.

– Ги поздравувам домаќините за отварањето на новата фабрика. Во името на Стопанската комора им посакувам многу успех и среќа и што повеќе вакви нови објекти – изјави Симон Наумоски, претседателот Регионалната стопанска комора и претседател на одборот на директори на Витаминка.

Тритекс е македонски бренд кој опстојува веќе 20 години на пазарот. Најголемиот дел од производството се пласира во странство.

1-IMG 8707

Loading