ЈАВЕ ЗА ДЕЛАТА ОД ДРЕН 2017

4 Videlina za Dren 2017

Точно 21 дело од годинашната ликовна колонија Дрен 2017 од јуни, ќе се презентираат на вечерашната изложба од 20 часот во ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“. Уметници од Македонија, Русија и Бугарија, кои учествуваа на десеттото издание сликаа во градскиот храм на културата. Таму беа нашите сограѓани Билјана Бинчев, Алекандар Џинго, Верче Николоска, Тони Чатлески и Новица Трајковски, Петра Јовановска, Драган Најденовски и Андријана Мациев од земјата, Ривка Беларева и Виктор Пушкин од Русија и Маријана Везарова и Пламен Бонев од Бугарија.

– Седумдневната инспирација се пренесе  во дела кои се сериозни остварувања. Отсликани се секојдневието, сивилото кое не обременува, рефлексијата на душата, надежта и вербата во посветло утре. Насликано со боите на виножитото, колоритет кој зрачи оптимизам и јасно ги потенцира и разграничува спротивностите. На платната се исцртани линии, форми, содржини едноставни, но моќни каква што е уметноста. Платната се полни со љубов и силни пораки, независно од темата, стилот и техниката. Пулсираат со живот, го слават и го прикажуваат убавото, чистото и невиното. Сликите порачуваат дека животот е уметност, а уметноста е најубавото нешто што му се случило на човештвото – вели Елизабета Дерменкоска – Цефи.

Loading