Фудбал
В сабота (16.30 ч.) во рамките на 3 коло од Првата лига на Могила е мечот Победа – Шкупи. За домашните практично сега почнува првенството, по двата пораза од Пелистер (1-2) и Вардар (0-4). И лани првите бодови беа освоени со Шкупи, на неутрален терен во Битола (2-1). И сега е истиот план. Шансата треба да се искористи со борбена игра. Во составот нема да биде Асани, кој прифатил понуда од Турција. Сепак, првпат на располагање кај тренерот Штерјовски се новите странци – стоперот Хумбатов од Азербејџан и десниот бек Качар од Србија.
Табела: Шкендија и Силекс 6, Академија Пандев и Пелистер 4, Вардар 3, Работнички 2, Шкупи и Ренова 1, Скопје и Победа 0.