ДРАГА ПЕНЗИОНЕРСКА САГА

– Морална обврска е луѓето од третото доба да се негуваат, оти заслужуваат долг и пристоен пензионерски век

5927-novi-prostorii-za-zdruzenieto-na-invalidski-penzioneri-960x600-7  

„За 12 години општината и Здружението на пензионери воспоставија одлична соработка од која произлегоа многу заеднички реализирани проекти, како што се јавниот градски превоз, отворање на  нови пензионерски клубови, изградбата на паркови, изградбата на капели, патувања, екскурзии, изградба на цркви и друго“.

Ова го истакна градоначалникот Марјан Ристески за односите локалната пензионерска асоцијација.

Според него, плодови се и покачувањата на пензиите, бесплатното бањско лекување, намалувањето на цените на лековите, подобрувањето на квалитетот на здравствените услуги со инвестициите во сите здравствени институции во градов…       

5517-vo-prilep-se-oddrzaa-regionalnite-penzionerski-sportski-igri-960x600-8

Соработката меѓу локалната самоуправа и пензионерите има континуитет, оти здружението буи со иницијативност. Резултат на тоа се спроведувањето на пензионерската иницијатива за јавен градски превоз. Првпат во историјата, Прилеп доби јавен евтин и ефикасен превоз кој е голема придобивка за луѓето од третото доба. Наместо такси, тие користат неколкупати поевтин превоз со автобуси. За мали пари ги посетуваат блиските, одат на болница, завршуваат некоја работа во јавните институции, одат на пазар, в чаршија, на гробишта и на други места.

Локалните власти најавуваат набавка на нови автобуси годинава и респектирање на пензионерските сугестии. Со новите автобуси ќе се воведат уште 2 или 3 нови линии. Се очекува градскиот превоз да се прошири до  околните населени места како Тополчани, приградските села, а во пазарните денови се планира да има и линија за Мариово. Градскиот превоз ќе се надополнува да одговара на потребите на пензионерите и граѓаните. Се предвидуваат уште поголеми субвенции на локалната самоуправа за да биде превозот уште поевтин, дури и бесплатен за пензионерите во пазарните денови.

5629-opshtina-prilep-gi-otvori-vratite-za-gragzanite-960x600-114

И  новите паркови се идеја на пензионерите, оти тие најмногу ги користат. Се предлагаат нови содржини, спомен обележја, патувања и екскурзии. Радува соработката меѓу пензионерите, локалната самоуправа и Владата. Пред 10-тина години пензионерите имаа мизерни пензии и не составуваа крај со крај на месецот. Во повеќе наврати се покачија пензиите за да се постигне достоен живот. Иако не се идеални, сепак се подобри и многу поголеми.

Животот на пензионерите се олесни и со бесплатните бањи, со драстичното намалување на цените на лековите, подобрувањето на квалитетот на здравствените услуги со инвестициите во сите здравствени установи во градов.

И иницијативите за изградба на цркви се пензионерски, како и уредувањето на градските гробишта и изградбата на првата капела во историјата на Прилеп на новите градски гробишта. И втората се гради на старите гробишта.

Локалната самоуправа посветува внимание на пензионерите со помош при отворањето на повеќе пензионерски клубови. Во урбаните заедници Гоце Делчев, Рид, Тризла, Бончејца се отворија привлечни катчиња за дружба. Наскоро клуб ќе добијат и варошките пензионери. Се разгледуваат можностите за клубови во Корзо, Жабино маало, Сточен пазар…

6725-penzionerkite-od-trizla-go-odbelezaa-8-mi-mart-denot-na-zenata-960x600-4

Локалните власти ја поддржуваат законската регулатива за државни субвенции за отворање на приватни старски домови. Предвидени се локации за приватни старски домови. Паралелно се планира подобрување на условите во ЈОУ Дом за стари лица, Киро Крстески – Платник, со буџетски пари, ако не бидат стопирани.

Градските власти се гордеат со активностите на културно уметничките и спортските секции на пензионерите кои достојно го презентираат градот на сите настапи во и надвор од земјава.

Пензионерите отсекогаш биле во фокусот на работењето на локалната самоуправа, оти секој човек се стреми да доживее пензионерски денови. Затоа, помладите, кои во иднина се гледаат во таа категорија на луѓе, треба отсега да влијаат на подобрување на квалитетот на животот на нашите сограѓани во поодминати години.

Сарми и Марио

Жените, пензионерки, помагаа при освојувањето и на Гинисовиот рекорд, кога беа направени 80.000 мали посни сарми. Проектот, Супер Марио е единствен, финансиран со локални пари. Петнаесетина волонтери се грижат за околу 100 стари и изнемоштени лица. Тие им се напомош со внимание и поддршка за нормално живеење.     

Loading