Езѓан Алиоски
Вреден фудбалер е Езѓан Алиоски. По одличните настапи во репрезентацијата на Македонија и швајцарскиот прволигаш Лугано, летово премина во англискиот член на Чемпионшип лигата, Лидс јунајтед. Трансферот е 2,7 милиони евра. Можеби стана најскапиот прилепски спортист. Тука некаде беше и трансферот на Гоце Седлоски од Хајдук во англискиот премиерлигаш Шефилд вендзеј. Алиоски е во првата постава на Лидс и се очекува да биде сé подобар, бидејќи има само 25 години.
Тој е трет прилепчанец од кого се очекува наскоро ваков трансфер е Илија Несторовски, капитенот на италијанскиот второлигаш Палермо.