Мајка и две малолетни деца два дена ноќеваат под спомен обележјето Прилепски бранители кај кружниот тек пред Основен суд. Велат дека се од Скопје, а засолништето им е добредојдено за спиење оти нема каде да живеат додека сопругот издржувал казна затвор во Прилеп. Полицијата го известила Меѓуопштинскиот центар за социјални работи за преземање мерки за згрижување на семејството.