Вработените од Комфи Ангел го гаснеа пожарот кај Трескавец
Во гаснењето на пожарот кој се закануваше да го проголта и манастирот Трескавец, учествуваа и вработените од Комфи Ангел. Рамо до рамо се приклучија кон професионалците и останатите доброволци во спречувањето на огнените јазици да го обвиткаат и вековното светилиште на прилепчани. За пожвртвуваноста добија благодарност од генералниот менаџер на компанијата, Ирена Јакимоска.
– Комфи Ангел им благодари на своите херои кои несебично и самоиницијативно делуваа во гаснењето на пожарот околу манастирот Успение на Пресвета Богородица – Трескавец. Заедно со противпожарната единица и голем број на доброволци успеаја да го контролираат непредвидливиот пожар на непристапните терени – стои на Фб профилот на компанијата.
Општествената одговорност, компанијата ја потврдува во многу наврати со учество во манифестации и хуманитарни активности за доброто во општинава.
Во Комфи Ангел повеќе од една година еднаш месечно се одржува лотарија, преку која се наградува по еден работник со значителна сума на пари, па така компанијата упати честитки до Слободан Стоисавлевиќ кој е новиот добитник на наградната лотарија за овој месец.