ПРОГОЛТНАТИ СОЛЗИ

16 години Карпалак

Ministerot Goran Sugareski

Внуците, а уште повеќе правнуците на десетте прилепчани кои загинаа во конфликтот во 2001 година, нема да знаат, а уште потешко ќе разберат зошто и како загинаа нивните дедовци и прадедовци. По изминати 16 години од трагичниот настан, повторно на 8-ми август се положи цвеќе пред плочата на спомен обележјето на кружниот тек Карпалак, се посетија вечните почивалишта. Се одржа и панихида во црквата Св. Петка. Венци со цвеќе положи делегација од Владата, предводена од министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, кој посочи дека злото од 2001 година никогаш не смее да се повтори. Цвеќиња положија делегации од Собранието, од Кабинетот на Претседателот Ѓорѓе Иванов, од Министерство за одбрана, од Генералштаб на АРМ, од Општината на чело со градоначалникот Марјан Ристески, семејствата на загинатите бранители, здруженијата, политички партии…

Mrjan Risteski

На 8 август 2001 година на патот Скопје – Тетово кај месноста Карпалак од заседа од албански терористи беше нападнат конвој на АРМ. Загина резервениот капетан Нане Наумоски (48), резервен поручник Сашо Китановски (40) и воените обврзници Горан Миновски (29), Ердоган Шабановски (21), Љубе Грујоски (32), Бранко Секулоски (43), Дарко Велјановски (27), Пеце Секуловски (31), Веби Рушитовски (26) и Мирко Деспотовски (27). Нема да го заборават прилепчани тој ден од конфликтот, кога новинарските известувања беа преполни со информациите и зборовите дека бранителите го положија животот за суверенитетот, независноста и интегритетот на државата. Како што се редеа годишнините, така се зголемуваше масовноста при одбележувањето, бројот на државните делегации…

Pocit od semejstvata na zaginatite

Годинава како да се потиснаа сеќавањата, се проголтаа солзите… Изостана масовната почит од сограѓаните… Остана тивок  незабележитетелен и вербален револтот, изразен од членовите на прилепските здруженија на бранители, соборците, очевидците на случувањата кои знаат и паметат што се случуваше. А кои денес гледаат и знаат кој е претседател на собранието, како се подготвува туѓ јазик за  официјален. Дури и информирањето за 16 годишнината од загинувањето на 10 – те бранители на Карпалак годинава во медиумите беше одбележано со избран речник и без употреба на поими и термини како и зошто загинаа прилепчаните…

Poseta na vecnite pocivalista na soborcite

Градоначалникот Марјан Ристески кој е еден од преживеаните учесници на Крпалак посочи дека на тој ужасен ден, мајките ги загубија своите синови, сопругите останаа без своите сопрузи, а децата плачеа по своите таткоци.

Spomen ploca za vecen nezaborav

– Ќе остане денот во вечно сеќавање на овој град и овој народ, како кобен ден, ден на болка и тага за Прилеп и Македонија. По 16 години, колку и да сакаме, колку и да се трудиме, никој не може да ја оттргне болката од нашите срца за паднатите борци, кои го дадоа животот во одбраната на Македонија. Стоејќи пред спомникот, докажуваме дека тагата нé сплотува и нé прави посилни. Никој не може да не оттргне од  намерата да ја сакаме и браниме нашата земја – рече Ристески.

Беа посетени гробовите на загинатите бранители, а во црквата Св. Петка во Точила и во црквата кај Лениште се одржа панихида за загинатите.

I crkovni pocesti za zaginatite

И пред малата спомен плоча поставена на банкината од Автопатот Тетово – Скопје кај месноста Карпалак, се одржа скромно чествување. 

Loading