ПРИЛЕПСКИ СКУЛПТУРИ ВО КУМАНОВО

7. Deloto na Marjan Stojanosk pred   kumanovcanii

Скулптури од тројца прилепски уметници учествуваат на биеналната изложба „Скулптури на новото време”  во Куманови. На деветтата изложба со делата се претставуваат Марјан Стојаноски, Емил Солески и Атанас Атанасоски.

– Постојат автори кои вајаат скулптура во континуитет без оглед на условите.  Тие се во постојан творечки прогрес. Скулпторските ракописи се во постојана трансформација, освојувајќи нови хоризонти. Со делата се обидуваат да внесат нови моменти во своето тродимензионално креирање, не напуштајќи го основниот концепт. Во најголемиот дел е мануелната интервенција во некој материјал (дрво, метал и сл.) со авторско видување на асоцијативна фигурација или апстрактно-геометризирана форма. Дел од авторите настапуваат со концептуален приод користејќи готови предмети како објекти поставени во определен контекст, со намера да предизвикаат некаква реакција кај консументот – емотивна или интерактивна – вели Роберт Цветковски, историчар на уметноста од ЦК од Куманово.

Loading