ПЕЈСАЖИ НА АНЕТА ИВАНОВСКА СИМЈАНОВСКА

„Асоцијативни пејзажи“ е тематската изложба на дела од Анета Ивановска Симјановска што ќе биде отворена вечерва од 20 часот во ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“. Уметницата ќе се претстави со дела  композиции кои изобилуваат со драматика, динамичност и импулсивност преточени во специфичен ликовен ракопис што влијае врз емотивниот  сензибилитет, будејќи ги  рационалните сомнежи и претпоставки. Творбите пулсираат со див ритам и енергија, одушевуваат со бесконечни креативни замисли исполнети со многубројни детали на величенствената нефигуративност. Не се создадени според природата, туку креирани заедно со неа.

Делата откриваат универзална визуелна медитација со надраснати границите на сопствената стварност и претворајќи се во своевидна виртуелна реалност.

Ивановска Симјановска е дипломец на ФЛУ во Скопје, член е на ДЛУМ и на ДЛУБ. Имала повеќе самостојни изложби во земјата. Добитник е на повеќе награди.

Loading