„ЖИВОТ ВО БОИ“ ОД АНДРИЈАНА МАЦИЕВ

7 Tvorestvoto na Maciev pred   prilepcani

Тематската изложба „Живот во бои 2“ со 15 слики од уметницата Андријана Мациев ќе биде отворена вечерва од 20 часот во галеријата „Борко Лазески“, во ЦК „Марко Цепенков“.

Вторпат се претставува во нашиот град.

Мациев продуцира битово експресионистички манир и апстракција, приближувајќи се кон претстава на неопипливите нематеријални нешта…

– Со сликите во акрил на платно уметникот го утврдува личниот ракопис. Писмото на Мациев е препознатливо по силниот и контрастен колорит кој блеска со оптимизам и животна радост – ќе забележи Елена Иванова.

Мациев, графичар по ликовна определба, дипломирала на ФЛУ. Имала самостојни изложби и учествувала на групни. Била дел и од повеќе ликовни колонии во земјата и во странство. Добитник е на бројни награди и признанија. 

Loading