ВЛЕЗНИЦА – 200 ДЕНАРИ

Историја

Минаа две децении од првиот европски настап на Победа, во квалификациите од Купот на УЕФА, против полската Одра. Првиот меч на гости, во Воѓислав, на 23 јули 1997, домаќините го добија убедливо, 3-0, со играч повеќе 63 минути, по исклучувањето на Жилсон. Мечот го следеа околу 7.000 гледачи, кои платија влезници по 5 злоти. Беше извесно дека следи само формален реванш во Прилеп по седум дена. На стадинот ,,Гоце Делчев” се собраа околу 8.000 навивачи, за кои влезот чинеше 200 денари. Победа со пресврт успеа да победи со 2-1, со двата гола на Оливеира, од кои вториот беше мајсторија, со ,,ножички”.

Тренерот Плачков настапи со: Груевски (46. Чачков) – Грозданов, Ковачевиќ, Ефремов (46. Хаџивасилев), Б. Нацев, Г. Најдески (70. Ј. Манев) – Г. Лазаревски, Бочески, Боров, Г. Тодоровски, Оливеира. 

Loading