Победа
Многупати се вели дека списокот на фудбалерите е заклучен, а тоа во пракса ретко се покажува како реалност. Така и во Победа. Промените почнаа во Банско, Бугарија, во втората фаза од подготовките, кога десниот бек Бојан Георгиевски замина во српскиот прволигаш Мачва Шабац. Да не биде екипата во минус, туку во плус, по враќањето дома дојдоа двајца нови. Тоа се 27-годишниот десен бек, Србинот Ервин Качар (Нови Пазар) и 22-годишниот напаѓач Јасир Асани (Шкупи).
На пријателските натпревари беа постигнати две победи (1-0 со Академија Пандев и 2-1 со Беласица Петрич), едно реми (1-1 со Гоце Делчев Пирин) и пораз (0-1 од Арда). Во средата беше мечот во Охрид со Лирија Призрен.
Првата лига стартува на 13 август со дербито Победа – Пелистер. Натаму противници ќе бидат, на гости Вардар, Шкендија, Силекс и Ренова, дома Шкупи, Академија Пандев, Работнички и Скопје.